Thursday , January 23 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Red Bull не го прифаќа ултиматумот на Renault

F1: Red Bull не го прифаќа ултиматумот на Renault

Red Bull има свое толкување на правилата и не го прифаќа ултиматумот на Renault дека до крајот на мај треба да одлучи дали ќе го користи нивниот мотор по завршувањето на оваа сезона.

Договорот на Aston Martin Red Bull Racing со Renault Sport F1 истекува на крајот од оваа сезона. Нивниот меѓусебен однос не е баш најдобар, особено поради проблемите што ги имаа тие и нивниот сестрински тим Toro Rosso на крајот од минатата сезона. Toro Rosso го промени добавачот на мотори и потпиша 3-годишен договор со Honda, а постојат и големи шанси Red Bull да го направи истото.

Неодамна, директорот на Renault Sport F1, Сирил Абитебул, изјави дека крајниот рок за Red Bull да донесе решение кој мотор ќе го користи од следната сезона е крајот на мај. Од друга страна пак, Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Red Bull, не се согласува со него и има друго толкување на правилата:

“Она што ние го разбравме е дека месец мај е рокот кога на ФИА треба да и дадеме индикации, но тоа не значи дека треба да имаме потпишано договор. Конечното решение ќе го донесеме на крајот од летото. Тоа е реалното време кога треба да се донесе конечното решение. Honda имаше фантастичен старт со Toro Rosso. Очигледно е дека сме во добра позиција за да го следниме нивниот напредок во првата половина од оваа сезона. Ќе ги следиме со голем интерес.”

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *