Monday , August 20 2018
Home / Latest Articles / F1: Renault ветува надградба на моторот од 30 коњски сили

F1: Renault ветува надградба на моторот од 30 коњски сили

Францускиот производител ветува голема надградба на својот Ф1 мотор која што треба да овозможи дополнителни 30 коњски сили.

Покрај својот фабрични тим, Renault ги обезбедува со своите мотори уште други два тима, Red Bull и McLaren. Нивниот мотор видно заостанува позади оние на Ferrari и Mercedes, поради што им е потребна итна надградба.

Renault ветува дополнителни 30 коњски сили од следниот мотор, кој што треба да биде подготвен за Гранд При викендот во Канада.  Овие дополнителни 30 коњски сили ќе бидат извлечени од моторот со внатрешно согорување и новото гориво.

“Според добро информирани извори, новиот мотор на Renault ќе биде помоќен за 30 коњски сили, што на патека како онаа во Канада значи 3 десетинки по круг.” – се вели во извештајот.

Оваа надградба би го довела моторот на Renault до 950 коњски сили, додека оние на Ferrari и Mercedes веќе располагаат со околу 1000.

Check Also

WRC Германија: Танак во водство, Ожие засега без одговор (ВИДЕО)

После победата на Рели Финска, От Танак продолжи со водство и на првите брзински испити …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *