Friday , August 14 2020
Home / Latest Articles / F1: Renault им овозможи повеќе моќ на своите тимови

F1: Renault им овозможи повеќе моќ на своите тимови

Renault им дозволи на сите три тима што ги користат нивните мотори, Red Bull, Renault и McLaren, да ослободат повеќе перформанси од своите агрегати.

Од овој Гранд При викенд на фабричкиот тим на Renault, како и на Red Bull и McLaren, ќе им биде дозволено од страна на Renault Sport F1 да користат повисоки модови на своите агрегати, што ќе им овозможи повеќе моќ. Нема конкретни бројки за колку коњски сили станува збор, но колку и да се, ќе бидат добродојдено подобрување на перформансите на овие тимови.

И покрај тоа што Даниел Рикардо имаше проблем со системот за складирање на електричната енергија, од Renault Sport F1 мислат дека нивниот мотор се докажал како издржлив, поради што ќе ослободат поголема моќност од него.

“Го правиме она што ветивме дека ќе го направиме. Во основа, сакавме да ја провериме издржливоста на моторот, што и го направивме во текот на првите два Гранд При викенди. Имавме проблем со Рикардо, но сеуште не ја знаеме причината. Сеуште не знаеме дали е проблем со шасијата или со моторот. Знаеме дека е проблем со електрониката кој што влијае на складирањето на електричната енергија.” – објаснува Сирил Абитебул, шефот на Renault Sport F1.

Renault исто така планира да направи чекор напред со вториот мотор за оваа сезона, кога ќе претстави значителна надградба на MGU-K, системот кој што ја собира топлинската енергија од турбината и на претвара во електрична.

Check Also

МотоГП: Историска победа за КТМ и дебитантот Бред Биндер

Јужно Африканскиот возач Бред Биндер дојде до убедлива и неверојатна победа на патеката Брно во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *