Tuesday , July 17 2018
Home / Latest Articles / F1: Renault сеуште не може да најде решение за проблемот со горивото!

F1: Renault сеуште не може да најде решение за проблемот со горивото!

Шефот на Renault Sport F1 вели дека неговиот тим мора да ја најде причината за проблемот со притисокот на горивото, со кој што се соочи Карлос Сајнц на последната трка во Шпанија.

Истиот проблем со притисокот на горивото го имаше и Нико Хулкенберг во првиот дел од квалификациите за Шпанското Гранд При, поради што не успеа да се квалификува во вториот дел. И покрај тоа што Ф1 шефот на Renault, Сирил Абитебул, верува дека овие два проблеми не се поврзани, не ја знае причината за оној во болидот на Сајнц.

“Пред крајот на трката добивме предупредување дека нешто не е во ред со притисокот на горивото во болидот на Сајнц. Успеавме да ја завршиме трката, но не ја откривме причината за проблемот. Мислам дека проблемот на Сајнц не е поврзан со оној на Хулкенберг бидејќи во неговиот резервоар пронајдовме предмет што го блокираше протокот.” – објаснува Абитебул.

“Проблемот на Сајнц сме го имале и предходно при минување во свиоци со висока влечна сила, како свиокот број 3 во Шпанија, поради што мораме да го решиме. Имаме уште неколку такви трки каде што постои можност да се повтори.” – додаде тој.

Check Also

WTCR Словакиаринг: Доминацијата на Hyundai на квалификациите, се претвори во доминација на VW групацијата на првата трка

На доста топло време денес, на патеката Словакиаринг крај Братислава се одржа првата трка од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *