Friday , August 14 2020
Home / Latest Articles / F1: Renault Sport F1: Нашиот мотор има повеќе од 950КС!

F1: Renault Sport F1: Нашиот мотор има повеќе од 950КС!

По вчерашното претставување на новиот болид на фабричкиот тим на Renault, тие објавија дека нивниот агрегат за сезонатата 2018-та раслолага со повеќе од 950 коњски сили.

Овие бројки беа објавени како дел од техничките спецификации на новиот болид на Renault F1, RS18. Сепак, од Renault Sport F1 сеуште се загрижени за издржливоста на и ветуваат дека ќе дадат се од себе за да им обезбедат издржливи агрегати на нивните партнери Red Bull и McLaren.

“Потреба ни е поголема издржливост на нашиот мотор. Тоа е полето на кое што треба да биде насочен нашиот фокус. Работевме многу напорно во текот на зимата. Мораме да ја донесеме издржливоста на највисоко ниво.” – изјави техничкиот директор на Renault, Боб Бел.

“Тоа е огромен предизвик, поголем и од развојот на перформансите. За да ја подобриме издржливоста не треба да прифатиме ништо помалку од совршенство. Секој агрегат мора да биде дизајниран и направен според највисоки стандарди и неколку пати проверен пред да се монтира во болидот. Мораме да ги надминеме сите проблеми со кои што се соочивме во текот на минатата сезона, но тоа не е толку едноставно.” – додаде тој.

 

 

Check Also

МотоГП: Историска победа за КТМ и дебитантот Бред Биндер

Јужно Африканскиот возач Бред Биндер дојде до убедлива и неверојатна победа на патеката Брно во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *