Thursday , January 23 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Sauber ќе развива техничка соработка со Alfa Romeo

F1: Sauber ќе развива техничка соработка со Alfa Romeo

Sauber ќе ја прошири својата соработка со Alfa Romeo на техничко ниво и италијанскиот бренд нема да биде само генерален спонзор на швајцарскиот тим.

Легендарниот италијански бренд Alfa Romeo на почетокот од оваа сезона се врати во Формула 1 како генерален спонзор на Sauber, но тимскиот шеф вели дека оваа соработка ќе биде продлабочена на техничко ниво.

“Ги разгледуваме сите можности за продлабочување на нашата соработка со Alfa Romeo. Ние сме повеќе од отворени за проширување на соработката и чекор по чекор ќе видиме како таа може да се продлабочува. Техничката соработка е првата опција, која што ќе се случи многу брзо.” – изјави Фредерик Васеуре, тимскиот шеф на Sauber.

“Ferrari е нашиот добавувач на мотори, а Alfa Romeo е нашиот технички партнер. Не сакам да дискутирам за Haas и за нивниот проект. Тие добро си ја вршат работата, а ние си имаме наш проект. Мораме да дефинираме со Alfa Romeo како можеме да постигнеме успех, како да го развиваме тимот и ние ќе тргнеме по наша сопствена патека за да го оствариме тоа.” – додаде тој.

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *