Wednesday , January 22 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Williams и McLaren се скараа поради спонзори

F1: Williams и McLaren се скараа поради спонзори

Тимскиот шеф на Williams F1, Клер Вилијамс, ги предупреди McLaren F1 дека ќе се соочат со големи проблеми доколку се обидат да им одземат некој од нивните спонзори.

По неколку лоши сезони, McLaren се обидува да се врати во игра и за тоа им се потребни спонзори. Неодамна, тие склучија договор со бразилскиот нафтен гигант Petrobras. Од друга страна пак Williams се соочуваат со големи проблеми бидејќи нивниот генерален спонзор Martini објави дека ќе се повлече од Формула 1 на крајот од оваа сезона.

Mclaren сигурно нема да може да обезбеди договор со Martini, но се појавија гласини кои што велат дека се обидуваат да превземат други спонзори кои што веќе имаат договор со Williams, на што реагираше Клер Вилијамс:

“Мислев дека Mclaren и Williams имаат џентлменски договор никогаш да не го прават тоа, сигурна сум дека Френк (Вилијамс) и Рон (Денис) имаа таков договор. Ова е многу конкурентен бизнис и секој се бори за себе. Што се однесува до мене, мислам дека ние треба да бидеме подобри за нашите партнери да не преминат во друг тим. Тоа е наша одговорност.”

“Доколку преминат во друг тим, тогаш ние сме виновни за тоа. Mclaren може да се обидат да превземат некој од нашите спонзори, но им ветувам дека нема да поминат добро. Нашиот живот во Ф1 зависи од нашите спонзори.”

 

 

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *