Sunday , April 18 2021
Home / Latest Articles / FIA и WRC промотерот ќе го водат World Rallycross од оваа година

FIA и WRC промотерот ќе го водат World Rallycross од оваа година

Промотерот на Светскиот рели шампионат потпиша договор да го промовира Светскиот реликрос шампионат од оваа година, со договор со ФИА.

WRC промотерот и ФИА ќе соработуваат оваа сезона во водење на Светскиот реликрос, а работат и на финализирање повеќе годишен промотерски договор за компанијата да ги поседува комерцијалните и медиа правата за ова натпреварување.

Да потсетиме, оваа сезона стартува целосно новиот и целосно електричен FIA RX2e шампионат пред RX1 категоријата да премине целосно електрична во 2022 година.

По ова се гледа сериозноста на Светскиот реликрос шампионат, бидејќи на кому да му доверите промотивни права освен на ФИА и на Светскиот рели шампионат кои работата ја вршат перфектно.

Добредојде World RX во семејството.

Check Also

TCR Europe: Душан Борковиќ се враќа во Европската TCR Серија

Српскиот автомобилски ас Душан Борковиќ ќе се врати на гридот во Европската TCR Серија оваа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *