Sunday , September 22 2019
Home / Latest Articles / Focus Cup Брендс Хеч: Кипровски продолжува со квалитетни резултати

Focus Cup Брендс Хеч: Кипровски продолжува со квалитетни резултати

Македонскиот возач Бранко Кипровски овој викенд го продолжи неговото учество во Британскиот Ford Focus Cup кој овој пат гостуваше на легендарната патека Брендс Хеч, а се возаше Гран При конфигурацијата

И овој викенд Кипровски покажа квалитетен резултат, при што на закажаните четири слободни тренинзи вчера извози две трети времиња, во првиот и вториот тренинг, додека на третиот и четвртиот тренинг имаше четврто и второ време.

На квалификациите со извозеното време се квалификуваше на седмата позиција. Во првата трка од седмата стартна позиција тој успеа да се пробие до четвртата, но заврши како шести, за веќе во втората трка да финишира како петти.

Тој воедно беше прогласен за најбрз дебитант во овој шампионат, а поради тоа доби пехар и беше повикан на подиумот каде што беше развиорено Македонското знаме.

Во разговор со Кипровски уште пред неговото заминување во Англија, тој вети дека ќе го развиори Македонското знаме на подиум, а тоа и го исполни за почеток како најдобар дебитант, а веруваме дека понатаму и како возач во првите три позиции на подиумот.

Му посакуваме се најдобро и многу среќа во следната трка.

Текст: В. Анастасовски

Check Also

Димитриј Кимовски најбрз на тренинзите на Пониква

Кимовски без изненадувања Овој викенд на ридската патека Пониква над Кочани се одржува натпревар од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *