Friday , April 20 2018
Home / Latest Articles / Honda Civic Type-R мотор ќе придвижува формули!

Honda Civic Type-R мотор ќе придвижува формули!

Доколку следите бензински спортови, сигурно сте слушнале за америкнската F3 серија, а токму тој шампионат од следната сезона ќе ги користи моторите од најновиот модел на Honda Civic Type-R кои важат за доста лесни и брзи мотори. Да, Type-R моторите влегуваат во отворени болиди!

Официјално е најавено дека најновиот модел на Honda Civic Type-R во 2018 ќе добие тркачка верзија за TCR International Series каде ќе се натпреварува македонскиот возач Виктор Давидовски токму со тој автомобил, воедно станувајќи прв македонец кој ќе ја претставува Македонија на Светско нивово автомобилизам. Но тркачкото наследство на Honda нема да запре тука. Тие најавија дека моторот од овој автомобил ќе се најде и во F3 Americas Series, поточно во отворени болиди кои се дел од шампонат во кој се освојуваат поени за заслужување на Ф1 лиценца.

Познатиот F3 шампионат следната година ќе оди заедно со новата категорија F3 Americas Series. Иако отворените болиди немаат ништо слично со Civic, тие ќе го користат добро познатиот турбо агрегат К20С на јапонскиот производител кој ќе располага со 270КС, а претставува доста брз, лесен и издржлив агрегат. Специјално за овој мотор е направена шасија од Ligier Crawford која е дизајнирана според F3 правила.

Formula 3 болидите се возат во голем број на регионални шампионати, но и во Интернационални серии кои се под капа на ФИА, додека новата F3 Americas серија ќе им овозможи драгоцени поени на возачите за да земат Суперлиценца со која ќе можат да возат во Formula 1 шампионатот. Sports Car Club на американските Pro Racing ќе бидат администратори на серијата, која ги води Trans-Am Road Racing Series и F4 шампионатот. F4 шампионатот исто така користат Type-R мотори, но од постарата генерација (К20 атмосферски мотори).

Новата серија се очекува да покаже доста голем потенцијал оваа година и понатаму, одржувајќи се како индивидуален шампионат, но и како пакет за поддршка на популарни шампионати.

Check Also

F1: Ферстапен: Не ми е потребен психолог

Возачот на Red Bull Racing, Макс Ферстапен, вели дека веќе го оставил позади себе Кинеското …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *