Friday , April 20 2018
Home / Uncategorized / Hyundai i30 N постави нов TCR рекорд на Нордшлајфе!

Hyundai i30 N постави нов TCR рекорд на Нордшлајфе!

Автомобилот Hyundai i30 N се скраси со титула најбрз TCR автомобил на озлогласената тркачка патека Нирбургринг Нордшлајфе, откако Андреас Гулден извози најбрз круг од 9:03.206 околу 25 километарската патека.

Hyundai Motorsport влегоа со два автомобили во квалификациската 6-часовна трка за Нирбургринг 24 Часа. Гулден го делеше автомобилот број 831 со Никола Ларини, Мануел Лаук и Петер Тертинг, додека Мориц Острајх, Ја-Кјун Ким, Бјунг Хуи Канг и Гвидо Науман беа во автомобилот со број 830.

Двата корејски TCR автомобили се бореа против посилните автомобили од GT4 категоријата во текот на стинтовите и доминираа во класата на поголемиот дел од трката. Но сепак мал механички проблем ги остави на втората позиција (автомобилот со број 831 со заостанување од 90 секунди), додека на третата позиција заврши автомобилот со број 830, во нивната класа, позади автомобилот Audi RS3 LMS на Херман Бок, Макс Партл и Раинер Партл.

Check Also

F1: Кој, кога ќе го претстави својот болид за сезоната 2018?

Неколку тимови од Формула 1 веќе објавија каде и кога ќе ги претстават своите нови …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *