Monday , March 30 2020
Home / Latest Articles / Koenigsegg Jesko Absolut цели на 500км/ч максимална брзина

Koenigsegg Jesko Absolut цели на 500км/ч максимална брзина

Koenigsegg Jesko Absolut е автомобил кој е фокусиран само за максимална брзина. После долгите планови и развој овој проект се материјализираше.

Koenigsegg Jesko Absolut ќе биде најбрзиот Koenigsegg произведен досега на кого му беше изменета аеродинамиката за добивање на поголема брзина. Овој автомобил не е ниту специјално издание. Тоа што Koenigsegg откри е опција за подобри спецификации која е достапна за сите Jesko сопственици.

Аеродинамиката му е така оптимизирана што силата на потисок е намалена на 40кг при 250км/ч до максимум од 150кг. Стандардниот модел на Jesko има 80кг при 250км/ч со максимум од 1.400кг. Драг коефициентот е постигнат со отфрлање на огромниот заден спојлер, а заменет е со две перки инспирирани од борбениот авион F-15.

Исто така за подобра аеродинамика продолжена е задната хауба, покриени се задните тркала, намалена е висината на автомобилот, а затворен е и предниот канал за влез на воздух на хаубата. Koenigsegg Jesko Absolut го користи истиот 5.0 литарски V8 агрегат со две турбини, како и 9-степениот менувач. Агрегатот располага со 1.600КС на Е85 гориво, како и 1.500Њм вртежен момент.

Koenigsegg Jesko Absolut ќе започне со производство од следната година.

Check Also

Агрегати што „вртат“ до 20.000 вртежи (ВИДЕО)

Во светот на атмосферските агрегати единствен начин да ја подигнете силата на вашиот автомобил или …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *