Thursday , October 18 2018
Home / Авто-Мото Свет / Mercedes во партнерство со Bosch за развој на роботска такси служба

Mercedes во партнерство со Bosch за развој на роботска такси служба

Daimler, мајката фирма на Mercedes, се спојуваат со најголемата компанија за изработка на резервни делови Bosch, за да развијат софтвер за целосно возачки автоматизирана такси служба. Од Bosch ова го изјавија во вторникот, а гледаат доста светла иднина во оваа развојна програма.

Алијансата ќе развие и ќе произведе автономен софтвер пред 2025 година, кој ексклузивно ќе се користи во возилата на Mercedes, две години откако ќе биде готов. Главната цел е овој софтвер да се користи за автономни возила во такси превозот. Bosch е јавен добавувач на Tesla за радар сензорот за неговиот Автопилот систем. Во септември минатата година Bosch го тестираа нивниот автономен автомобил низ Австралиски патишта, што за прв пат се случи автономен автомобил да биде возен низ јавни патишта.

Daimler инсталираа напреден систем за возачка асистенција во автомобили како Mercedes E-Class, а очекуваат дека нивните автономни камиони ќе бидат подготвени за во сообраќај до 2020 година. Но првиот пат кога автономен камион од оваа компанија излезе во јавен сообраќај, беше на автопат во Германија во 2015 година. Ова е уште еден показател дека автомобилските компании се доста загреани и во колаборација со технолошки компании за производство на автономни возила кои треба да бидат подготвени за во јавен сообраќај до почетокот на следната декада.

Останати производители и компании кои се во оваа приказна се Waymo, компанијата за производство на автономни автомобили на Google, кои се во партнерство со Fiat Chrysler за изработка на автономни возила, а изјавуваат дека нивната роботска такси служба ќе биде претставена при крајот од оваа година. Исто така, слично на овој проект постои и помеѓу BMW и Intel & Моbileye, а планираат целосно автономниот автомобил да го претстават во 2021 година.

Check Also

F1: Алонсо ја повози Карина Лау еден БРЗ КРУГ во McLaren 570S (ВИДЕО)

Погледнете ја реакцијата на Карина Лау кога се вози со еден од најдобрите возачи во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *