Thursday , January 23 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / Mercedes F1 тимот доби дозвола за проширување на својата фабрика

Mercedes F1 тимот доби дозвола за проширување на својата фабрика

Mercedes AMG Petronas F1 ја доби планираната дозвола од судот во Јужен Нортемптоншир за проширување на својата фабрика и зголемување на инвестицијата во спортот.

Планот на Mercedes F1 доби зелено светло од претседателот на комисијата за планирање, Клер Ребека Бриз, со што тие ќе можат да ја прошират главната зграда и објектот во кој што се наоѓа воздушниот тунел. Тимот вели дека ова проширување на горенаведените објекти е неопходно за продолжување на нивната доминација во Формула 1.

Фабриката на Mercedes F1 тимот се наоѓа во Брекли, Англија. Оваа фабрика првично беше седиштето на Honda F1 тимот, пред нивното повлекување од спортот во 2009тата и ребрендирање на тимот во Brawn GP. Следната година тимот беше целосно превзеден од Mercedes и ребрендиран.

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *