Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / MotoGP Барселона: Повторна доминација на Лоренцо, Маркез и Роси без решение

MotoGP Барселона: Повторна доминација на Лоренцо, Маркез и Роси без решение

Хорхе Лоренцо извојува уште една значајна победа по ред на патеката Каталуња во Барселона, тргнувајќи од пол позиција, па се до линијата на целта после кратка битка со Марк Маркез кој доста краток период беше пред шпанецот

Трикратниот шампион успеа да дојде до доминантен триумф, продолжувајќи ја борбата за поени за лидерска позиција во генерален пласман кај возачите со Марк Маркез кој се наоѓа за 49 поени пред него, додека Валентино Роси се наоѓа на 27 поени позади.

До деветтиот круг Довициозо не можеше да го издржи темпото на Лоренцо и Маркез и се отпушти од третата позиција излетувајќи од патеката во петтиот свиок. Откако Довициозо се најде надвор од трката, Лоренцо продолжи со ниската 40-ка, додека Маркез не можеше да го држи тоа темпо и заостана позади.

Лоренцо започна да прави предност, за линијата на целта да ја помине со 4.4 секунди пред Маркез. Роси возеше осамена трка на третата позиција, која ја освои по четврти пат, откако останатите ривали не можеа да го држат неговото темпо.

Такаки Накагами на петтиот свиок ја загуби подлогата под себе, налетувајќи на возачот на КТМ Бредли Смит, при што двајцата паднаа и не успеаа да ја завршат трката. Трката исто така не ја завршија Франко Морбидели, Хафиз Сјарин, Тито Рабат, Џек Милер, Алекс Ринс, Андреа Довициозо, Хавиер Симеон, Алеш Еспергаро, Томас Лути, Силван Гинтоли и Мика Калио.

Тито Рабат беше единствениот на кого моторциклот му го зафати голем пламен, поради што мораше да застане, а покажрникарската служба да си ја заврши својата работа…

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *