Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / MotoGP Брно: Шеста победа за Маркез оваа сезона

MotoGP Брно: Шеста победа за Маркез оваа сезона

Уште една убедлива победа на Маркез, воедно и 50-та во премиерната класа…

Возачот на Honda Марк Маркез освои уште една убедлива победа над неговите конкуренти, после одложениот старт на Чешкото Гран При на патеката Брно.

Организаторите на трката дојдоа до решение да го одложат стартот поради дожд кој го зафати едниот дел од патеката. За трката да биде безбедна, безбедносните автомобили кружеа по патеката со намера да ја засушат, а после 40тина минути, трката стартуваше.

Маркез имаше перфектен старт, одржувајќи ја предноста до крајот на трката, додека неговиот најблизок конкурент Андреа Довициозо успеа од стартната четврта позиција да се најде веднаш позади Маркез.

После 10 од 20 закажани кругови Маркез имаше предност од само 0.4 секунди пред Довициозо, но после неколку кругови таа предност се зголеми на три секунди.

Маркез ја помина целта со предност од 2.452 секунди пред Довициозо, за да ја освои 50-тата победа во премиерната класа и да ја зголеми предноста во генерален пласман на 63 поени на девет рунди до крајот.

На третата позиција од подиумот се искачи Џек Милер, додека четврти заврши Алекс Ринс. Петти низ целта помина Кал Крачлоу, пред Валентино Роси на шестата и Фабио Куартараро на седмата.

Осми беше Данило Петручи, пред Такаки Накагами на деветтата, додека топ 10-те возачи ги комплетираше Маверик Вињалес.

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *