Thursday , December 3 2020
Home / Latest Articles / MotoGP Валенсија: Милер најбрз на вториот тренинг, Мир со излетување

MotoGP Валенсија: Милер најбрз на вториот тренинг, Мир со излетување

Возачот на Ducati Џек Милер успеа да дојде до најбрзо време на вториот слободен тренинг на Валенсија, додека Жона Мир немаше баш среќа, губејќи го асфалтот од под тркалата…

Милер имаше најбрз круг од 1:30.622, додека за само 0.091 секунди позади него како втор најбрз беше Такаки Накагами на Honda. Франческо Бањаиа на Ducati беше трет, додека четврти и петти беа Пол Еспергаро и Јохан Зарко.

Андреа Довициозо имаше шесто време, додека Крачлоу, Ринс, А. Еспергаро и Маверик Вињалес ги комплетираа топ 10-те. до 21 позиција се наредија Мир, Брадл, Морбидели, Петручи, Биндер, Квартараро, Оливеира, Роси, А. Маркез, Рабат и Савадори.

Сабота:

10:00 – 10:40 – Слободен тренинг 3
14:10 – 14:40 – Слободен тренинг 4
14:50 – 15:05 – Квалификации 1
15:15 – 15:30 – Квалификации 2

Недела:

10:00 – 10:20 – Загревање
14:00 – Трка

Check Also

BTCC: Со победата на втората трка, Сатон се поблиску до титулата оваа година

Еш Сатон го зголеми водството во генерален пласман во Британскиот туринг шампионат и се наоѓа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *