Thursday , May 23 2019
Home / Latest Articles / MotoGP: Вистински трилер на Лосаил за старт на 2019 сезона!

MotoGP: Вистински трилер на Лосаил за старт на 2019 сезона!

Неверојатен старт на 2019 сезона…

Возачот на Ducati Андреа Довициозо извојува спектакуларна победа од 0.023 секунди пред Марк Маркез во крајно драматична трка како старт на 2019 сезона во Катар.

Позади, на последното место од подиумот се искачи и втора Honda на Кал Крачлоу, кој успеа да собере сили и да го пројде возачот на Suzuki Алекс Ринс, додека Валентино Роси имаше перфектен старт, стартувајќи од 14-тата позиција, успевајќи да заврши во првите пет возачи.

Освојувачот на пол позицијата, Маверик Вињалес успеа само до седмата позиција, позади второто фабричко Ducati на Данило Петручи.

На осмата позиција заврши Жоан Мир, пред Такаки Накагами на деветтата, додека топ 10-те ги комплетираше Алеш Еспергаро.

Колку и да пробуваме да го објасниме секој момент со зборови, едноставно е невозможмо, затоа препорачуваме под итно да ја погледнете целата трка.

Караванот од Катар се сели во Јужна Америка, поточно во Аргентина на патеката Термас Де Рио Ондо, за втората трка од календарот која е закажана за 31 март.

Фото: motorsport images

Check Also

Возбудлив старт на сезоната во Кичево (Извештај)

Со првата трка одржана на патеката во Кичево, започна шампионатот на Македонија во автомобилизам Како …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *