Thursday , December 3 2020
Home / Latest Articles / MotoGP: Дали шампионот без победа е достоен шампион?

MotoGP: Дали шампионот без победа е достоен шампион?

Големото прашање е дали возач кој не победил на трка, а стане шампион, заслужува да биде шампион.

Да, заслужува. Бил константен, размислувал, планирал и бил смирен. Не правел грешки, не добивал напади на адреналин како би направил фатална грешка. Тоа го прави еден возач шампион, за разлика од победник на одреден број на трки кој исто така не завршува кога не победува.

Жоан Мир е возможно да стане првиот Светски шампион во премиерната класа кој ќе ја земе круната без освоена победа, без нету едно искачување на највисокото место на подиумот. Дали тоа го прави помалку вреден како шампион од Марк Маркез или од Валентино Роси?

Во оваа најлуда сезона во Мото ГП шампионатот која ќе се искачи до својот климакс следната недела со две трки една по друга во Валенсија и финале на Портимао, Фабио Квартараро има освоено најголем број на победи, 3 од 11 извозени трки. После него е Франко Морбидели со две, како и Биндер, Довициозо, Оливеира, Петручи, Ринс и Вињалес, сите со по една победа.

Но никој од овие осум возачи не води во шампионатот. Највеќе поени во шампионатот има возачот на Suzuki, Жоан Мир кој не победил, ниту пак стартувал од пол позиција.

Иако во меѓувреме некои го критикуваат дека нема да заслужи да биде шампион бидејќи не победил ниту една трка, тоа ќе го речат луѓе кои нема да признаат никој друг возач како шампион бидејќи Марк Маркез е отсутен од шампионатот.

Маркез ја стартуваше сезоната, но за да завршиш прв, прво треба да завршиш. Тоа е општо познато.

Секој кој ќе заврши во рамките на правилата, е вреден да биде шампион. Ако некој возач има повеќе победи од шампионот, тој бил побрз на некои трки, но не бил константен во текот на целата сезона. Толку е едноставно.

Што мислите вие? Дали за вас вреди како шампион да биде возач без ниту една победа, како и без ниту една пол позиција?

Check Also

BTCC: Со победата на втората трка, Сатон се поблиску до титулата оваа година

Еш Сатон го зголеми водството во генерален пласман во Британскиот туринг шампионат и се наоѓа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *