Saturday , December 16 2017
Home / Latest Articles / MotoGP: Довициозо: „Ако ја затворев линијата на движење, Марк ќе ме удреше“

MotoGP: Довициозо: „Ако ја затворев линијата на движење, Марк ќе ме удреше“

Во изјавата на Довициозо гласеше: „Ако ја затворев линија на движење, тој ќе ме удреше“

Изминатиот викенд на патеката Ред Бул Ринг во Австрија се одржа 11-тата рунда од MotoGP шампионатот каде голема победа извојува Андреа Довициозо кој до последниот сантиметар од патеката мораше да биде претпазлив. Претпазлив бидејќи да се борите со еден од најдобрите возачи во историјата, а тој да се наоѓа зад вас и да ве чека на грешка, не е баш опуштена атмосфера. Но ладната глава на Андреа Довициозо го донесе до победа, надмудрувајќи го Марк Маркез.

„Беше многу стресен последен круг, особено кога го имате Маркез позади себе, бидејќи до последен момент тој пробува нешто за да ве пројде. Не знаев дека е блиску зад мене се до стартот на последниот круг, затоа ја затворив линијата на движење, а тоа значи дека беше доста блиску зад мене подготвен да напаѓа во последните два свиока, за што се подготвив и психички.

Во претпоследниот свиок кочев премногу доцна, а тоа за него беше доста тешко за таму да изведе било каков потег. Тој можеше порано од мене да даде гас за подобар излез од свиокот бидејќи се наоѓаше во подобра позиција. Но сепак ја оставив линијата на движење отворена за да дојдам во подобра позиција за побрз излез. Тој пробаше се, но јас бев побрз.

Бев повеќе лут од среќен бидејќи сакаше да ме пројде на тој начин! Тоа не е свиок на кој може да се проба да се пројде возач. Требаше половина круг за да ми помине тоа чувство. Одамна не сум победил на последниот круг.“ изјави Андреа Довициозо.

Довициозо моментално се наоѓа на 16 поени позади Маркез во генерален пласман кај возачите, пред следната рунда од шампионатот на патеката Силверстоун во Велика Британија на 27 август.

Check Also

Skoda го слави успехот во WRC2 со Fabia Special Edition

Единствено, штета е што ова не е RS модел… Иако во сообраќајот на патиштата Skoda …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *