Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / MotoGP: Каде ќе оди Роси во 2021?

MotoGP: Каде ќе оди Роси во 2021?

После информацијата изутринава за замената на Валентино Роси со младата звезда Фабио Куартараро во тимот на Јамаха, многу фанови на Роси останаа замислени, со прашањето: „Каде во 2021?“

Со склучениот двегодишен договор помеѓу Маверик Вињалес и Јамаха до 2022 година и најавата за доаѓање на Куартараро во Јамаха се наметнува прашањето, каде ќе оди Роси во 2021.

Тоа засега никој не го знае, ниту самиот Роси. Тој изјави дека одлуката ќе ја донесе наекаде на половина сезона после изјавата дека потребно му е време за донесување на одлука за иднината на неговата кариера.

Роси најави дека брзината која ја има планира да ја спореди со останатите возачи на гридот на 7-8 трки од почетокот на сезоната, па потоа ќе ја донесе одлуката.

Јамаха исто така му вети на Роси дека ќе има фабрички моторцикл и целосна инженерска подршка во SRT ако одлучи да остане во шампионатот.

„Тотално ја разбираме одлуката на Роси што сака да ја спореди компетентноста во текот на оваа година за да донесе одлука за следната, 2021 година.  Тоа е нешто што Јамаха високо го почитува и со цело срце се согласува.“ – изјави тимскиот директор на Јамаха, Лин Џарвис.

Check Also

MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

Возачот на Suzuki Жоан Мир изјави дека никогаш нема да го заборави освоениот подиум овој …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *