Tuesday , January 19 2021
Home / Latest Articles / MotoGP: Квартараро и Морбидели најбрзи на тренинзите на Каталуња

MotoGP: Квартараро и Морбидели најбрзи на тренинзите на Каталуња

Возачот на Petronas Yamaha Фабио Квартараро доминираше на првиот слободен тренинг на патеката Каталуња

И покрај борба со болест тој успеа да ги оправда очекувањата од неговиот тим доминирајќи со предност од 0.410 секунди пред Андреа Довициозо, додека трет беше Жоан Мир со заостанување од 0.629 кој доживеа пад.

Четврт беше Маверик Вињалес, пред Алеш Еспергаро на петтата и Франко Морбидели на шестата позиција. Седми беше Алекс Ринс, пред Валентино Роси кој имаше осмо време. Кал Крачлоу и Мигуел Оливеира ги комплетираа топ 10-те возачи.

Но вториот слободен тренинг му припадна на Франко Морбидели, тимскиот колега на Квартараро и покрај падот кој го доживеа претходно. Jоан Зарко откако се опорави од падот успеа да заврши на втората позиција на вториот слободен тренинг заостанувајќи за само 0.109 секунди.

Бред Биндер беше трет, пред Маверик Вињалес и Такаки Накагами на четвртата и петтата позиција, додека Жоан Мир успеа до шестата позиција пред Пол Еспергаро, Алекс Маркез, Валентино Роси и Алекс Ринс кој ги комплетираше топ 10-те.

Третиот тренинг ќе се одржи утре (сабота) од 09:55 часот, додека квалификациите се подоцна од 14:10 часот.

Check Also

Дакар 2021: 14та Дакар титула за „Г-дин Дакар“

Француската офроуд легенда Стефан Петерхансел дојде до рекордна 14-та Дакар титула, откако победи на 2021 …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *