Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / MotoGP: Крачлоу ја освои пол-позицијата на Херез

MotoGP: Крачлоу ја освои пол-позицијата на Херез

Возачот на LCR Honda, Кал Крачлоу, кој што има фабричка поддршка од јапонскиот бренд, успеа да ја освои пол-позицијата за утрешната трка на патеката Херез во Шпанија.

Ова е прва пол-позиција за Крачлоу по онаа на Силверстоун во 2016-тата. Британецот беше за 0.259 секунди побрз од возачот на фабричката Honda, Дени Педроса. Од 3-тата позиција со заостанување од 0.303 секунди ќе стартува Жоан Зарко од Monster Yamaha Tech3 тимот. Пред два дена, Французинот објави дека од следната сезона ќе настапува за фабричкиот тим на KTM.

Од 4-тата позиција ќе стртува Хорхе Лоренцо од фабричкиот тим на Ducati, пред Марк Маркез од Repsol Honda. На 6-тата и 7-та позиција се најдоа двајцата возачи на  Suzuki Ecstar, Алекс Ринс и Андреа Ианоне.

На следните две позиции се најдоа двајца италијански возачи на Ducati,  Андреа Довициозо и Данило Петручи, додека топ 10 беше заокружен со Валентино Роси од фабричкиот тим на Yamaha.

Разултати од квалификациите за Шпанското Гранд При:

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *