Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / MotoGP: Куартараро најбрз на тридневниот тест на Сепанг, Honda и Ducati во проблеми

MotoGP: Куартараро најбрз на тридневниот тест на Сепанг, Honda и Ducati во проблеми

Првиот тридневен предсезонски тест од 2020 MotoGp сезона одржан на патеката Сепанг заврши изминатиов викенд, со возачот на Petronas SRT Фабио Куартараро како најбрз на листата 

За прв пат сите шест производители Honda, Ducati, Yamaha, Suzuki, KTM и Aprilia ги возеа своите прототипи за 2020 година со Куартараро како предводник на фабричката Yamaha која ќе ја вози оваа година.

Yamaha ја претстави верзијата на уредот за стартување кој Ducati го употребува повеќе од една година, револуционерниот RS-GP модел на Aprilia направи силно деби на патеката, додека Suzuki остави некои производители загрижени.

Изгледа дека моделот RC213V на Honda задава доста проблеми, додека двете паѓања на Марк Маркез заклучија тежок викенд за тимот откако Шпанецот за прв пат го оптерети десното рамо на кое имаше хируршки зафат. Во изјавата на Марк Маркез стоеше дека тој е повеќе загрижен за моторциклот отколку за неговото рамо.

КТМ исто така направија чекор напред со моделот RC16 додека Ducati исто како Honda се наоѓаат во проблеми.

Check Also

MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

Возачот на Suzuki Жоан Мир изјави дека никогаш нема да го заборави освоениот подиум овој …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *