Tuesday , January 19 2021
Home / Latest Articles / MotoGP: Маркез не се враќа на стартот од следната сезона

MotoGP: Маркез не се враќа на стартот од следната сезона

Докторите посочија, но останува на Honda да потврди…

После фаталната грешка и пребрзото враќање во акција после падот на Херез, Марк Маркез беше подложен на втора операција откако плочката му беше ослабена до точка на кршење подоцна, од само едно повлекување на вратата во неговиот дом.

Тој не се врати на патеките бидејќи оздравувањето не беше толку брзо колку што беше најавено, поради инфекција после третата операција во која му беше пресадувана коска од неговиот колк, на раката.

Од Honda треба да објават време на оздравување на Маркез, но се очекува тоа да не биде пократко од шест месеци. Моментално тој се наоѓа на домашно лекување после справувањето со инфекцијата.

Но со 2021 сезона која треба да започне на 28 март во Катар, со еден месец тестирање претходно, шансите за Маркез да се врати на стартот од сезоната се прилично непостоечки.

Она што се шпекулира е дека шест месечното боледување на Маркез би можело да му отвори врата на бившиот возач на Honda Андреа Довициозо, да изненади и да се врати на тркачките патеки, додека она што е познато е дека Пол Еспергаро треба да му се приклучи на Марк Маркез во тимот, додека Алекс Маркез ќе оди во LCR заедно со Такаки Накагами.

Check Also

Дакар 2021: 14та Дакар титула за „Г-дин Дакар“

Француската офроуд легенда Стефан Петерхансел дојде до рекордна 14-та Дакар титула, откако победи на 2021 …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *