Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / MotoGP: Маркез со победа во една од најдраматичните трки; Лоренцо обвинет, но не и казнет за катастрофата

MotoGP: Маркез со победа во една од најдраматичните трки; Лоренцо обвинет, но не и казнет за катастрофата

Гран При Каталуња ќе остане во сеќавање по хаваријата предизвикана од Хорхе Лоренцо…

Лидерот во MotoGP шампионатот Марк Маркез дојде до уште една победа за да ја зајакне предноста во генерален пласман кај возачите, додека падот на неговиот тимски колега Хорхе Лоренцо предизвика вистинска хаварија во која Андреа Довициозо, Маверик Вињалес и Валентино Роси беа повлечени од Лоренцо, незавршувајќи ја трката.

Лоренцо, кој стартуваше од 10-тата позиција, многу брзо пристигна до првата петорка која се бореше за највисока позиција. Тој налета со голема брзина во 10-тиот свиок, а додека се обидуваше да го помине Вињалес, се случи катастрофа. Тој удри и го собори својот конкурент, а во тој процес настрадаа и Довициозо и Роси. Во овој инцидент немаше повредени возачи, но фрустрацијата беше голема кај секој од прерано завршените возачи.

После целата драма, Маркез дојде до победа, Фабио Куартараро до втората, додека Данило Петручи до третата позиција на подиумот. Позади, на четвртата позиција заврши Ринс, пред Милер на петтата, додека шести на целта помина Хуан Мир. Позади него на седмата позиција се најде Пол Еспергаро, пред Такаки Накагами, додека деветти пројде Тито Рабат. Топ 10-те ги комплетираше Жоан Зарко.

Подолу, погледнете ја катастрофата што ја предизвика Лоренцо, кој беше обвинет како пренапален и превозбуден…

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *