Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / MotoGP Остин: Прва Гран При победа за Ринс во неговата кариера

MotoGP Остин: Прва Гран При победа за Ринс во неговата кариера

Вистинска драма во Остин…

Возачот на Suzuki Алекс Ринс дојде до неверојатна победа откако Маркез не успеа да се задржи на моторциклот после девет круга.

Откако Маркез се најде надвор од трката, Валентино Роси ја превзема првата позиција.

Седум круга подоцна со прецизно возење Ринс успеа да го пројде Роси за првата позиција, доаѓајќи до првата победа во неговата кариера.

После ова јасно може да се види дека Suzuki може да се држи со конкуренцијата, а Ринс може да победува. Исто така Крачлоу беше во борба со Роси, но во петтиот круг ја загуби подлогата под тркалата.

Последнато место на подиумот го пополни Џек Милер, додека на четвртата и петтата позиција целта ја пројдоа Довициозо и Морбидели. Шести заврши Петручи, пред Куартаро на седмата и Еспергаро на осмата позиција.

Топ 10-те ги комплетираа Бањаја и Накагами. После казната проаѓање низ бокс, Вињалес успеа да се врати на 11-тата позиција, додека Андреа Јаноне успеа само до 12-тата позиција.

Трката не ја завршија Хорхе Лоренцо, Марк Маркез, Кал Крачлоу и Алеиш Еспергаро. Следната рунда е на патеката Херез во Шпанија на 5 мај.

Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *