Wednesday , April 24 2019
Home / Latest Articles / MotoGP Остин: Седма по ред пол позиција за Маркез

MotoGP Остин: Седма по ред пол позиција за Маркез

Младиот Шпанец е едноставно недопирлив…

Марк Маркез дојде до пол позиција за Американското Гран При, додека неговиот ривал за титулата Андреа Довициозо ги заврши квалификациите на длабоката 13-та позиција.

Маркез направи време од 2:03.787 на стартот од 15-минутната квалификациска сесија, при што до крајот на сесијата тоа време остана неподобрено.

На втората позиција најблиску до Маркез, можеше да се приближи Валентино Роси кој со време од 2:04.060 ќе сетартува од втората позиција на првиот ред.

Последото место од првиот ред го завзема Кал Крачлоу, за само една десетинка позади Роси, а речиси три десетинки пред Џек Милер на четвртата позиција.

На петтата позиција следи Пол Еспергаро за кого ова е најдобра стартна позиција оваа сезона, пред Маверик Вињалес на шестата и Алекс Ринс на седмата позиција.

Топ 10-те ги комплетираа Данило Петручи, Фабио Куартаро и Франко Морбидели, додека Хорхе Лоренцо и Франческо Бањаја го комплетираа четвртиот ред на 11-тата и 12-тата позиција.

Check Also

WRC: Toyota ќе развиваат R5 автомобил

WRC2 категоријата во склоп на Светскиот рели шампионат станува доста возбудлива… Фактот дека оваа класа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *