Saturday , December 16 2017
Home / Latest Articles / MotoGP: Победа за Маркез после вистинскиот избор, катастрофална проценка на Роси!

MotoGP: Победа за Маркез после вистинскиот избор, катастрофална проценка на Роси!

Овој викенд на патеката Брно бевме сведоци на буквално тактичка трка во која Марк Маркез и тимот на Repsol Honda извојуваа паметна победа

Откако Маркез стартуваше од пол позицијата, видно беше дека перформансите на моторциклот на Маркез кој беше подготвен за дождовни услови не можеа да се префрлат на патеката поради тоа што патеката започна да се суши. Маркез започна да паѓа во поредокот, што беше знак да влезе во боксот и да го промени моторциклот.

Иако падна на последната позиција, после што и коментаторите загубија надеж за него, тој толку брзо започна да се враќа на чело на колоната, што по неколку кругови неизбежно беше ривалите да загубат позиции, но и да влезат во боксот и тие да ги променат моторциклите. Целата оваа ситуација го катапултираше Маркез на првата позиција и до победа со огромна предност.

„Ја употребив интуицијата, влегов доста рано во боксот иако претходно бев разочаран бидејќи грешката беше претходно направена. Сега сум пресреќен поради вистинскиот избор. Освоивме важни поени, а тоа ќе биде доста важно во шампионатот понатаму.“ – изјави Маркез веднаш после трката.

Позади Маркез, на втората позиција заврши Дани Педроса, додека последната позиција на подиумот ја освои Маверик Вињалес од фабричкиот тим на Yamaha. Ова воедно беше и 1-2 победа за Honda Repsol тимот. Позади првите тројца на подиумот, следеше Роси на четвртата, додека Крачлоу ги заокружи топ петте возачи. Во топ 10 влегоа Довициозо, Петручи, А. Еспергаро, П. Еспергаро и Фолгер.

Генералниот пласман после Брно изгледа вака: Маркез 154, Вињалес 140, Довициозо 133, Роси 132 и Педроса со 123 на петтата позиција. Следна рунда е на патеката Ред Бул Ринг во Австрија следниот викенд.

Check Also

Skoda го слави успехот во WRC2 со Fabia Special Edition

Единствено, штета е што ова не е RS модел… Иако во сообраќајот на патиштата Skoda …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *