Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

Возачот на Suzuki Жоан Мир изјави дека никогаш нема да го заборави освоениот подиум овој викенд, после проаѓањето на Роси за третата позиција во последниот круг на патеката Мизано.

На крајот од првиот круг на Мизано Мир се наоѓаше на осмата позиција, а неговата борба за подиум започна на 17 круг во кој беше позициониран на шестата позиција. Откако Алекс Ринс, тимскиот колега на Мир започна да го напаѓа Роси за третата позиција, Мир започна да се доближува до борбата уште повеќе откако ја искористи грешката на неговиот тимски колега за да ја превземе четвртата позиција во последниот круг.

Тоа беше прекрасен потег од страна на Мир во последниот круг во кој успеа да му ја украде третата позиција на Роси и да се искачи по втор пат на подиумот кој ќе го памети цел живот. Тој изјави дека му е жал што не му дозволи на Роси да се искачи на подиумот на неговата домашна трка, но нема никогаш да го заборави потегот кој го изведе.

„Пресреќен сум за освоениот подиум. Изведовме нешто прилично невозможно. Како тим дадовме 100% од нашите можности и ниту еден момент не се откажавме од подиумот. Во почетокот се борев за контакт со асфалтот за да можам да се држам со останатите возачи. Подоцна откако гумата започна по малку да се троши, започнав по малку да добивам на стабилност во брзите свиоци, а добрите времиња по круг едноставно се редеа едно по друго.

Подоцна го пројдов Алекс, за да го нападнам Роси со кого борбата беше доста жестока. Жал ми е што тој не дојде до подиум на домашната патека, но неделата беше мој ден. На крајот видов дека мојата физичка кондиција не е на највисоко ниво бидејќи последните три круга ги извозив со огромни потешкотии. Сепак со освоениот подиум лесно се заборава на болката.“

Check Also

WTCR: Започнува Светскиот туринг куп; Бертон на пол позиција на Золдер

Ултра блиската борба за пол позиција со Јан Ерлахер му донесе на Натанаел Бертон прва …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *