Фабио Квартараро после драматична борба со Џек Милер успеа да дојде до пол позиција за Француското Гран При на патеката Ле Ман
Данило Петручи кој во првиот дел на квалификациите беше најбрз, не успеа да го повтори тоа и мораше да се задоволи со третата стартна позиција.
Кал Крачлоу ќе стартува од четвртата позиција пред Маверик Вињалес од петтата, додека Андреа Довициозо успеа само до шестата стартна позиција пред Франческо Бањаја.
Пол еспергаро имаше осмо време на квалификациите, додека Јохан Зарко беше деветти на квалификациите пред Валентино Роси на десеттата позиција.
Франко Морбидели и Мигуел Оливеира ги комплетираа најбрзите 12 возачи од вториот дел на квалификациите.