Tuesday , January 19 2021
Home / Latest Articles / MotoGP: Роси во Petronas Yamaha во 2021

MotoGP: Роси во Petronas Yamaha во 2021

Италијанската MotoGP легенда Валентино Роси го потврди договорот со Petronas SRT Yamaha тимот за 2021 година, додека неговата кариера во премиерната класа ја продолжи после неколку месечни преговори.

Девет кратниот MotoGP шампион го заврши договорот со фабриичкиот тим на Yamaha и ќе му овозможи место на Фабио Квартараро да му се приклучи на Маверик Вињалес.

Од почеток на годинава Роси имаше план да вози шест или седум трки за да одлучи дали може да продолжи понатаму, но пандемијата со корона вирусот му ги помати плановите.

И покрај тоа што тој најави на почетокот на сезоната во јули дека 99% оди во Petronas, дискусиите продолжија и понатаму, за денес да потврди дека потпишал договор за една година со сателитскиот тим, за 26 сезона во премиерната класа.

Роси постигна 65 од 89-те победи во премиерната класа со Yamaha и четири од неговите седум титули. Освоен подиум овој викенд би му бил 200 освоен во премиерната класа.

Роси му пристигнува на Франко Морбидели како тимски колега, кој го обнови договорот со овој тим за уште две години.

Check Also

Дакар 2021: 14та Дакар титула за „Г-дин Дакар“

Француската офроуд легенда Стефан Петерхансел дојде до рекордна 14-та Дакар титула, откако победи на 2021 …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *