Sunday , September 22 2019
Home / Latest Articles / MotoGP: Фотофиниш! Неверојатна победа за Алекс Ринс на Британското Гран При!

MotoGP: Фотофиниш! Неверојатна победа за Алекс Ринс на Британското Гран При!

Возачот на Suzuki Алекс Ринс дојде до неверојтна победа на Британското Гран При, изведувајќи сензационален потег во последниот свиок на патеката Силверстоун

Долгата битка помеѓу Марк Маркез и Алекс Ринс беше решена со разлика од 0.013 секунди во полза на Ринс, проаѓајќи го Маркез во брзиот последен свиок на Силверстоун.

Ова е втора победа на Ринс во неговата Гран При кариера. Маверик Вињалес заврши на третата позиција со заостанување од 0.6 секунди, додека Валентино Роси кој стартуваше од втората позиција, заврши на четвртата, не издржувајќи го темпото за подиум.

Франко Морбидели заврши на петтата позиција пред Кал Крачлоу на шестата, додека седми беше Данило Петручи. Џек Милер беше осми пред Пол Еспергаро на деветтата позиција, додека топ 10-те ги заокружи Андреа Јаноне.

Check Also

Димитриј Кимовски најбрз на тренинзите на Пониква

Кимовски без изненадувања Овој викенд на ридската патека Пониква над Кочани се одржува натпревар од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *