Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / MotoGP: Хорхе Лоренцо на пол позиција на Каталуња

MotoGP: Хорхе Лоренцо на пол позиција на Каталуња

Шпанскиот возач Хорхе Лоренцо успеа да ја освои пол позицијата за Ducati, со предност од само 0.066 секунди пред возачот на Honda Марк Маркез, додека Андреа Довициозо го комплетираше предниот ред на второто Ducati.

После победата на Мугело, Лоренцо како да е расположен за следна победа, правејќи најбрз круг од 1:38.630 минути. Трикратниот шампион во премиерната класа изјави дека главната причина за овој резултат е подобрување во сопирањето, поточно на влез во свиоците.

Маркез овој пат мораше да се задоволи со втората позиција на стартот, но изјави дека сепак ќе даде се од себе за да остане на чело во генералниот пласман.

Вториот ред им припадна на Маверик Вињалес, Андреа Јаноне и Данило Петручи, додека Валентино Роси ќе стартува од третиот ред на седмата позиција постигнувајќи време од 1:39.266, заостанувајќи за половина секунда позади Лоренцо, а третиот ред го комплетираа Јохан Зарко и Тито Рабат.

Подолу, погледнете ги останатите времиња и освоените позиции за старт на утрешната трка:

1. Jorge Lorenzo ESP Ducati Team (GP18) 1m 38.680s
2. Marc Marquez ESP Repsol Honda (RC213V) 1m 38.746s +0.066s
3. Andrea Dovizioso ITA Ducati Team (GP18) 1m 38.923s +0.243s
4. Maverick Viñales ESP Movistar Yamaha (YZR-M1) 1m 39.145s +0.465s
5. Andrea Iannone ITA Suzuki Ecstar (GSX-RR) 1m 39.148s +0.468s
6. Danilo Petrucci ITA Pramac Ducati (GP18) 1m 39.178s +0.498s
7. Valentino Rossi ITA Movistar Yamaha (YZR-M1) 1m 39.266s +0.586s
8. Johann Zarco FRA Monster Yamaha Tech3 (YZR-M1) 1m 39.331s +0.651s
9. Tito Rabat ESP Reale Avintia (GP17) 1m 39.504s +0.824s
10. Cal Crutchlow GBR LCR Honda (RC213V) 1m 39.556s +0.876s
11. Dani Pedrosa ESP Repsol Honda (RC213V) 1m 39.695s +1.015s
12. Takaaki Nakagami JPN LCR Honda (RC213V)* 1m 39.888s +1.208s
13. Jack Miller AUS Pramac Ducati (GP17) 1m 39.732s
14. Hafizh Syahrin MAL Monster Yamaha Tech3 (YZR-M1)* 1m 39.879s
15. Alex Rins ESP Suzuki Ecstar (GSX-RR) 1m 39.918s
16. Aleix Espargaro ESP Factory Aprilia Gresini (RS-GP) 1m 40.010s
17. Bradley Smith GBR Red Bull KTM Factory (RC16) 1m 40.019s
18. Franco Morbidelli ITA EG 0,0 Marc VDS (RC213V)* 1m 40.058s
19. Pol Espargaro ESP Red Bull KTM Factory (RC16) 1m 40.178s
20. Scott Redding GBR Factory Aprilia Gresini (RS-GP) 1m 40.300s
21. Karel Abraham CZE Angel Nieto Team (GP16) 1m 40.449s
22. Alvaro Bautista ESP Angel Nieto Team (GP17) 1m 40.524s
23. Mika Kallio FIN Red Bull KTM Factory (RC16) 1m 40.572s
24. Thomas Luthi SWI EG 0,0 Marc VDS (RC213V)* 1m 40.590s
25. Sylvain Guintoli FRA Suzuki Ecstar (GSX-RR) 1m 40.834s
26. Xavier Simeon ESP Reale Avintia (GP16)* 1m 41.369s

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *