Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / MotoGP: Yamaha го претстави својот мотоцикл за сезоната 2018

MotoGP: Yamaha го претстави својот мотоцикл за сезоната 2018

Денес, фабричкиот тим на Yamaha во Мото ГП шампионатот го претстави својот мотоцикл за следната сезона.

Во текот на минатата сезона, двајцата возачи на фабричкиот тим на Yamaha успеаа да остварат 4 победи, 3 од нив отидоа на салдото на младиот Маверик Винјалес, а само една кај ветеранот Валентино Роси. Проблемите со шасијата на YZR-M1 и повредата на Роси, беа главните причини поради кои Yamaha беше исфрлена од битката за титулата.

Боите на новиот мотоцикл се веќе познати, со мали измени во логото на нивниот генерален спонзор Movistar. Тимскиот шеф на Yamaha, Масимо Мераљи, изјави дека двата теста што беа изведени во Валенсија и Малезија по завршувањето на минатата сезона им овозможиле да ги постават основите на новиот мотоцикл, што ќе биде доразвиван на предсезонските тестирања.

Претставувањето на новиот Yamaha YZR-M1 се случи денес во Мадрид, па да го погледнеме овој настан:

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *