Friday , April 20 2018
Home / Latest Articles / Oфицијално: Ридска трка „Награда на Град Скопје“ – Водно 2017 во мај!

Oфицијално: Ридска трка „Награда на Град Скопје“ – Водно 2017 во мај!

После долгата пауза и апстинирање од автомобилски трки во Р. Македонија, оваа година од 5 до 7 мај таа пауза запира со одржувањето на легендарната ридска трка Водно која додека траеше привлекуваше огромен број на гледачи

Ова е вистинско изненадување за возачите и за љубителите на автомобилизмот во Македонија бидејќи во изминативе неколку години се водеше војна на социјалните мрежи околу неодржувањето на оваа легендарна трка. Трката ќе се бодува за Централно Европска Зона (ЦЕЗ), Македонскиот шампионат на ридски патеки и Црногорскиот шампионат на ридски патеки.

Тркачкиот викенд започнува веќе во петок со техничкиот преглед на возилата од 15:00 до 19:00 часот, додека во сабота од 07:00 до 09:00 часот ќе продолжи прегледот на воозила, за веќе во 10:00 да биде објавена официјалната стартна листа за тренингот.

Првиот официјален тренинг започнува во 12:00 часот, додека вториот е на програмата од 14:00 часот.

Официјалното отварање на целата церемонија е во недела во 11:30, додека стартот на првата трка е во 12:00 часот, додека втората трка ќе започне од 14:00 часот.

Карактеристики на патеката:

Должина: 3550м
Старт: Хотел Панорама
Надморска висина на старт: 389м
Надморска висина на цел: 584
Висинска разлика 195м

Check Also

F1: Ферстапен: Не ми е потребен психолог

Возачот на Red Bull Racing, Макс Ферстапен, вели дека веќе го оставил позади себе Кинеското …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *