Monday , June 18 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / Pirelli предвидува пад на времињата за 1.5 секунди по круг во 2018

Pirelli предвидува пад на времињата за 1.5 секунди по круг во 2018

Шефот на Pirelli во Формула 1, Марио Исола, најави пад на времињата по круг во текот на следната сезона во просек од 1.5 секунди.

Овој пад не времињата ќе се должи на развојот на болидите и помеките компоненти кои што ќе се користат за изработка на гумите за оваа сезона. Pirelli исто така ќе престави и нови компоненти на стартот од сезоната 2018та.

“Хипер-меката компонента беше за 1 секунда по круг побрза од ултра-меката на тестот во Абу Даби, што значи дека е навистина екстремна компонента. Не би сакал да ја наречам “гума за квалификации” бидејќи беше развивана за да се користи на уличните трки. Најверојатно за прв пат оваа сезона ќе се користи на трката во Монако.” – изјави Исола.

“Во однос на времињата по круг, мислам дека ќе видиме многу подобри времиња од лани. Доколку го имаме во предвид развојот на болидите, тие ќе бидат побрзи во просек од 1 секунда по круг. Плус фактот дека на почетокот од сезоната планираме да користиме помеки компоненти од лани, времињата по круг ќе бидат подобрени за околу 1.5 секунди. Тоа е многу и преставува уште еден голем чекор напред.” – додаде тој.

Check Also

MotoGP Барселона: Повторна доминација на Лоренцо, Маркез и Роси без решение

Хорхе Лоренцо извојува уште една значајна победа по ред на патеката Каталуња во Барселона, тргнувајќи …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *