Monday , January 18 2021
Home / Latest Articles / Porsche Carrera Cup Италија: Победа за Черки, 9та позиција и 2 поени за Вуков

Porsche Carrera Cup Италија: Победа за Черки, 9та позиција и 2 поени за Вуков

Возачот на AB Racing Алберто Черки дојде до победа од старт до цел на првата трка од оваа сезона во Италијанскиот Porsche Carrera Cup.

Во голема борба со неговите ривали, тој дојде до важна победа оставајќи го зад себе Џанмарко Каресими за само 0.882 секунди, додека на третата позиција на подиумот се искачи Давид Фуманели.

Македонскиот возач Ристо Вуков стартуваше од 10-тата позиција и се најде во голема борба за 9-тата позиција со Џовани Алтое, кој не успеа да се држи на темпото на Вуков завршувајќи на 12-тата позиција.

Подоцна Вуков правеше напори да дојде до осмата позиција во борба со Башар Мардини, но воедно се бранеше и од Никола Балдан кој буквално го чекаше Вуков на грешка.

Во последните неколку кругови Вуков со крајни сили го притискаше Мардини, но искусниот Канаѓанец му го затвори патот во два важни моменти, задржувајќи ја осмата позиција.

Вуков заврши на високата деветта позиција од 21 натпреварувач, а ова е повеќе од она што тој го очекуваше, бидејќи најави дека целта е да биде во првите десет и да освои поени.

Двата освоени поени дефинитивно се причина за славење во тимот на Вуков, бидејќи целта е постигната уште на првата трка. Втората трка е на програмата во недела наутро од 09:50 часот, а МРТ 3 ќе врши директен пренос.

Check Also

Дакар 2021: 14та Дакар титула за „Г-дин Дакар“

Француската офроуд легенда Стефан Петерхансел дојде до рекордна 14-та Дакар титула, откако победи на 2021 …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *