Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / PSS Racing Team потврди, Давидовски со втора сезона во TCR Европа

PSS Racing Team потврди, Давидовски со втора сезона во TCR Европа

Македонскиот возач Виктор Давидовски го потврди неговиот настап во втора сезона во Европската TCR Серија оваа година

Македонскиот возач кој и оваа сезона се одлучи за истиот предизвик, ја започна неговата Европска авантура минатата година позади волан на Honda Civic Type R FK7, а оваа година ќе продолжи со истата марка во поголеми предизвици и во подобрување на неговите пласмани после големото искуство минатата сезона.

„Го продолжуваме нашето патување со повеќе знаење и доверба во споредба со минатата година. Се надеваме дека ќе продолжиме со подобрување на нашите перформанси како и во текот на 2018 сезона. Веруваме во автомобилот и во поддршката на JAS Motorsport, која досега беше на највисоко ниво. Иако сме мал приватен тим, нашата цел е доближување до најбрзите возачи, а заедно со JAS, уверени сме дека имаме потенцијал да го постигнеме тоа во овој високо компетитивен шампионат со голем број на светски возачи и тимови.“ – изјави Давидовски.

Најдобар пласман на Давидовски минатата сезона беа две 14-ти места во првата трка во Унгарија и во втората трка во Холандија. Исто така, Давидовски имаше и една опасна незгода на квалификациите на Спа-Франкоршамп, каде излета со брзина преку 200 километри на час на најопасниот свиок на светот – Радилон, удирајќи во заштитната ограда при што го уништи автомобилот. За среќа, тој се извлече без посериозни повреди.

Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *