Sunday , September 23 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Red Bull: Ферстапен си ја упропасти шансата за сигурна победа!

F1: Red Bull: Ферстапен си ја упропасти шансата за сигурна победа!

Моторспорт директорот на Red Bull Racing, др. Хелмут Марко, вели дека Макс Ферстапен си ја уништил шансата за сигурна победа поради судирот со Фетел.

Во почетната фаза на трката, Ферстапен беше повторно замешан во инцидент со Хамилтон. Додека се обидуваше да го претекне, возачот на Red Bull излета од патеката и загуби неколку позиции. Во завршната фаза од трката, имаше судир со Фетел поради кој загуби две позиции и шансата за победа.

Макс претера при неговиот обид да го претекне Фетел. Направи грешка и се извини. Тоа може да се случи во тркањето. Ќе дојде и неговото време, само не треба да претерува бидејќи денес многу добро знае што загуби. Ја загуби победата.” – изјави Марко.

И двајцата наши возачи имаа неверојатни перформанси на денешната трка. Макс е сеуште млад и затоа му се случиваат такви работи.” – додаде тој.

Check Also

Викендов стартува 51-то издание на Србија Рели

Овој викенд во Врњачка Бања ќе се одржи легендарното Србија Рели, а ова е неговото …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *