Wednesday , December 12 2018
Home / Latest Articles / Skoda го слави успехот во WRC2 со Fabia Special Edition

Skoda го слави успехот во WRC2 со Fabia Special Edition

Единствено, штета е што ова не е RS модел…

Иако во сообраќајот на патиштата Skoda Fabia не е некој најспортски модел на автомобил од Чешкиот производител, но на тркачка патека е целосно поразличен автомобил. Во чест на нај успешната година во моторспорт историјата на Skoda (победа во Светскиот шампионат во WRC2), компанијата се одлучи да претстави специјален модел.

Надворешноста е финиширана во специјална кенди бела боја и црн покрив. Поседува и 17-инчни Savio бандажи кои доаѓаат во три бои: бела, црна и препознатливата светло зелена боја. Во кабината и на каросеријата можат да се видат специјалните беџови “WRC 2 2017 Champion” кои ја слават победата во WRC2 категоријата во Светскиот рели шампионат.

Овој специјален модел за жал не располага со екстремно силен агрегат. Тука е 1.4 литарскиот TSI со 125КС, а исто така ова е најсилниот агрегат со кој можете да го купите овој модел на Skoda, но не е RS верзија. Овој мотор поврзан со DSG менувач од 0 до 100км/ч ќе забрзува за 8.8 секунди, а максимална брзина ќе му биде 203км/ч.

Како додатоци тука се: спортската суспензија, нов волан, спортски седишта и специјалниот издувен систем кој помага во подигање на перформансите на автомобилот. Само 1.300 автомобили од овој модел ќе бидат направени, а ќе бидат понудени на 21 различни пазари.

Највеќе автомобили ќе бидат понудени на Чешкиот, Германскиот, Францускиот, Шведскиот и финскиот пазар, а само неколку ќе бидат достапни за другите пазари. Цената сеуште не е позната…

Check Also

WTCR: Hyundai ги потврди четирите возачи за следната сезона

После кратките шпекулации за тоа кој ќе биде дел од силниот тим кој победува, сега …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *