Friday , April 20 2018
Home / Latest Articles / TCR: БрзКруг на Ошерслебен – Последна Европска трка за TCR-International, овој викенд!

TCR: БрзКруг на Ошерслебен – Последна Европска трка за TCR-International, овој викенд!

Овој викенд на патеката Ошерслебен во Германија се одржува седмата рунда од престижниот и моментално една од најжестоките форми на туринг тркање на планетава, TCR-Internatiоnal

Поради таа причина прелетавме до Ошерслебен за да ја посетиме оваа трка и да го испратиме караванот понатаму, на следната рунда која ќе се одржи во Тајланд.

На оваа рунда се пријавени 24 возачи од кои Лука Енгстлер и Дени Крос се запишаа како дебитанти овој викенд. Овој викенд на програмата се вкупно 5 шампионати и тоа: TCR-International, ADAC TCR Germany, HAIGO History Cup TW (Историски туринг куп), HAIGO History Formula и ADAC Formula 4. Познато е дека следи сериозна борба во Интернационалната серија бидејќи речиси секоја трка се менува водачот во генерален пласман. На Ошерслебен Атила Таши (Honda) пристигна како лидер во генералниот пласман кај возачите со 151 поени, додека позади него на втората и третата позиција се Роберто Колчаго (Honda) со 145 поени и Жан-Карл Верне (VW Golf) со 138 поени. Во топ 5-те се 2-кратниот шампион Стефано Комини (Аudi) на четвртата позиција со 126 поени и Пепе Ориола (Seat) со 109 поени на петтата позиција. Душан Борковиќ моментално се наоѓа на шестата позиција со 82 поени. Со цело срце можеме да кажеме дека дојдовме на оваа рунда бидејќи решивме да проследиме вистинско жестоко и возбудливо тркање на Светски план, а тоа што за прв пат сме во овој шампионат како акредитирани новинари, дополнително го прави овој викенд посебен за нас.

Интересно е да се каже дека во ADAC TCR Germany пријавени се дури 37 натпреварувачи кои единствен начин да се наредат на старт е тоа да бидат поделени во две групи. Вчера тие возеа два слободни тренинзи, додека денес првата квалификациска рунда ќе биде возена во две групи А и Б поради големиот број на натпреварувачи со старт во 10.00 часот, додека вторите квалификации каде ќе возат најбрзите возачи ќе започнат од 10:50 часот, за подоцна во 16:50 да следи првата трка. Но сериозноста започнува веќе во 9:15 и ќе трае до 9:45 со првиот слободен тренинг на Светската серија, TCR-International. Точно на пладне ќе стартува вториот слободен тренинг, додека првата и втората квалификациска серија ќе стартуваат од 15:00 и 15:25 часот со траење од по 20 минути. После квалификациите на TCR-International следи парада со ВИП кругови како дополнителен спектакл на денот. Во вечерните часови од 21:00 до 1:00 часот на програмата е забава со познати локални диџеи.

Останете на нашата веб адреса за понатамошни брзи информации, директно од Ошерслебен!

Check Also

F1: Ферстапен: Не ми е потребен психолог

Возачот на Red Bull Racing, Макс Ферстапен, вели дека веќе го оставил позади себе Кинеското …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *