Wednesday , September 19 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / TCR Германија: Жесток старт на екстремно возбудливиот Германски TCR шампионат

TCR Германија: Жесток старт на екстремно возбудливиот Германски TCR шампионат

Овој викенд на патеката Ошерслебен во Германија започна највозбудливиот шампионат од TCR серијата, Германскиот TCR шампионат

Сериозноста на тркачкиот викенд, после слободните тренинзи продолжи со квалификациите на кои Мајк Хелдер ја освои пол позицијата за првата рунда од Германскиот TCR шампионат во броба со 29 возачи.

Познато е дека во овој шампионат има доста контакти и ретко која трка поминала без излегување на безбедносниот автомобил. На првата трка имаше две излегувања, за контактот помеѓу Хелдер и Тома, а подоцна за спектакуларното излетување на Марсел Фугел после контактот со Макс Хесе. Краткото време што остана за тркање го искористи Харалд Прочик за да извојува победа, додека на подиумот завршија Нилс Лангефелд и Лука Енгстлер.

Позади нив на четвртата позиција заврши Анти Бури, следен од Симон Рајхер. Во топ 10 возачи кои освоија поени влегоа и Симон Рајхер на шестата позиција пред Лук Ванкмулер на седмата, додека на осмата деветтата и десеттата позиција финишираа Петр Фулин, Нико Канкунен и Бенјамин Лоихтер.

Втората трка беше дури и прекината со црвено знаме поради инцидент во кој учествуваа повеќе автомобили. После повторениот старт позади безбедносниот автомобил продолжи пеколната борба. Во инцидентот помеѓу повеќето возачи учествуваа Марсел Фугел, Каи Џордан, Тео Коикад, Бенјамин Лоихтер и победникот од првата трка Харалд Прочик.

Мораме да го посочиме потегот за паметење на Хелдер во последниот круг кој го надмудри искусниот Петр Фулин, со кој дојде до победа во втората трка после откажувањето од првата, надмудрувајќи го Фулин со доцно кочење и префрлање од надворешната линија на движење во внатрешната, потег кој претставуваше вистински празник за очи.

После повторениот старт на трката останаа само 15 минути за вистинско тркање. Мајк Хелдер извојува тешка победа пред Петр Фулин на втората позиција и Нилс Лангефелд на третата позиција од подиумот. Позади нив, поени освоија Лука Енгстлер кој заврши на четвртата позиција, пред Флориан Тома на петтата, додека топ 10-те ги комплетираа Харалд Прочик, Бенјамин Лоихтер, Тео Коикад, Лук Ванкмулер и Лукас Најдертшејдер.

Check Also

Маестрално возење на Вуков на Ушче; Од 13-та позиција до прва, но не и до победа…

Изминатиот викенд на уличната патека Ушче во Белград се одржа финалето на шампионатот на кружни …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *