Monday , August 20 2018
Home / Latest Articles / TCR Европа: Асен беше домаќин на двајца нови победници во серијата!

TCR Европа: Асен беше домаќин на двајца нови победници во серијата!

Даниел Наџ и Атила Таши конечно дојдоа до нивните долгоочекувани победи, за прв пат во Европската TCR Серија…

Имено, Даниел Наџ успеа да се одбрани од директните напади на Жан-Карл Верне и дојде до прва победа во Европската TCR Серија. Тој имаше перфектен старт одвојувајќи се од конкуренцијата со старт од третата позиција за веднаш да се најде на втората, додека на петтиот круг да дојде во водство за таму и да остане до целта.

И покрај силните напади на Жан-Карл Верне, Наџ успеа да го задржи водството и да дојде до првата победа. На третото место на подиумот заврши Крис Рихар, пред Стефано Комини и Атила Таши. Шести беше Душан Борковиќ, пред Максим Поти, Стиан Паулсен, Микел Аскона и Џош Фајлс, кој ги комплетираше топ 10-те. Нашите возачи Игор Стефановски и Виктор Давидовски завршија на 16-тата и 17-тата позиција после малерозните тренизи, на кои и двајцата имаа удар. Единствен возач кој не ја заврши трката беше Лорис Ченчети.

Во втората трка победник излезе Атила Таши, кој за прв пат се запиша како победник во новата Европска TCR Серија, избегнувајќи битка позади, откако се катапултираше на стартот од втората трка на патеката Асен во Холандија. После оваа трка Микел Аскона се доближи до Душан Борковиќ во генерален пласман кај возачите, а понатаму следуваат уште четири рунди во Монца и во Барселона каде се одржува финалето оваа сезона.

Втората трка беше крајно интересна за разлика од првата монотона трка, во која можеше да се види доста интересна борба кај возачите. Таши излезе како победник, додека Микел Аскона успеа да заврши на втората позиција со Душан Борковиќ веднаш позади него на третата позиција. Стефано Комини заврши четврти, пред Стиан Паулсен, Крис Рихар, Жан-Карл Верне, Максим Поти, Јенс Рено Мелер и Рис Бар кој ги комплетираше топ 10-те. Во втората трка Стефановски не успеа да заврши, како и Дани Крос, Даниел Наџ, Џош Фајлс и Франциско Абреу, додека Виктор Давидовски заврши на 14-тата позиција.

После тркачкиот викенд во Асен, борбата за титула изгледа многу поинтересна, со придружувањето на Даниел Наџ во борбата помеѓу Душан Борковиќ и Микел Аскона. Борковиќ води во генерален пласман со 134 поени пред Аскона со 132, додека Даниел Наџ има 114 поени.

Погледнете ја возбудливата втора трка подолу:

Check Also

TCR Европа: Слободни тренинзи Асен – Холандија (Резултати)

Летната пауза за некого беше долга, додека за некого кратка. Но како и да е, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *