Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / TCR Европа: Голема победа за Андреас Бекмен на Ошерслебен

TCR Европа: Голема победа за Андреас Бекмен на Ошерслебен

Шведскиот возач Андреас Бекмен дојде до голема победа, прва во неговата кариера во ова натпреварување, во првата трка на патеката Ошерслебен која е домаќин на петтата рунда од Европската TCR Серија во трка која одамна не е извозена без прекин од безбедносно возило на патеката…

Возачот на Target Competition беше надмудрен на самиот старт на трката од Даниел Лојд, кој веднаш во првиот свиок успеа да дојде до лидерската позиција. Така беше до претпоследниот круг на трката кога Лојд направи мала грешка поради која отиде широко, а токму тоа го искористија Бекмен и Панчиатичи за да ја завземат првата и втората позиција.

До крајот на трката Лојд не успеа да врати ниту една позиција, па затоа мораше да се задоволи со третото место на подиумот. Четврти заврши Том Коронел кој во текот на целата трка беше на четвртата позиција чекајќи грешка пред себе, но тоа не се случи.

Петти заврши Фајлс пред Бауман, Морбидели, Хомола, Лука Филипи и Сабо, кој ги комплетираше топ 10-те возачи. Исто така во поени влегоа Поти на 11-тата позиција пред Брише на 12-тата, Теди Кларие на 13-тата, пред Оли Кангас на 14-тата и Мартин Риба на 15-тата, за кого ова се први поени неговата кариера во Европската TCR Серија.

Виктор Давидовски, нашиот единствен претставник заврши како 18-ти кој беше инволвиран во инцидент на почетокот од трката, но успеа да ја продолжи истата. Трката не ја завршија Каџаја, Тенке, Енгстлер, Морган, Џесика Бекмен, Биел, Магнус, Џими Кларие и Комт, повеќето поради штета од инциденти во кои беа инволвирани.

втората трка е на програмата утре (недела) од 13:30 часот, со пренос во живо на Јутјуб и Фејсбук на каналите на TCR Europe.

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *