Thursday , October 18 2018
Home / Latest Articles / TCR Европа: Две нови имиња во Европската TCR Серија

TCR Европа: Две нови имиња во Европската TCR Серија

Како се наближува стартот на Европската TCR Серија, гридот се пополнува се повеќе и повеќе.

Како што е познато, стартот на Европската TCR Серија започнува на 5 и 6 мај на патеката Пол Рикар во Франција. Досега сме сведоци на доста квалитетни возачи кои го пријавија своето учество на овој престижен Европски шампионат на туринг автомобили кој од викенд евент се претвори во Серија оваа година. Најновите имиња во TCR Европа се Џовани Алтое и Дени Крос.

Џовани Алтое е брат на Џакомо Алтое, познат туринг возач кој се натпреваруваше во Интернационалната TCR Серија минатата година. Џовани официјално го потврди своето учество во TCR Европа, но и во TCR Италија, со што изгледа дека тој ќе има доста зафатена сезона оваа година. Тој ќе настапува позади волан на Audi RS3 LMS со DSG менувач за Pit Lane Competizioni тимот.

Вториот возач е 18-годишниот холандски возач Дени Крос кој исто така го потврди своето учество со целосна сезона во TCR Европа. Тој ќе се најде позади воланот на втората Cupra TCR за шпанскиот PCR Sport тим, додека негов тимски колега ќе биде шпанскиот туринг возач Микел Аскона.

Крос, кој своето Интернационално деби го направи на Ошерслебен минатата сезона, освојувајќи поени во првата трка, исто така возеше трка на Зандворт на почетокот од оваа година во рамките на TCR Бенелукс во партнерство со SEAT и возачот на Cupra Пепе Ориола, кој исто така ќе му биде тренер на Крос оваа сезона. Ова е прва целосна сезона за Крос, кој досега се натпреварувал само на по една рунда во различни серии на TCR.

Check Also

Мартин Делев после Скопски Круг: За оваа патека потребен е сериозно подготвен автомобил!

Мартин Делев и покрај проблемите со автомобилот кои ги има низ целата година, се одлучи …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *