Wednesday , January 22 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / TCR Европа: Извозени двата слободни тренинзи, Давидовски влегува во чекор

TCR Европа: Извозени двата слободни тренинзи, Давидовски влегува во чекор

Денес на патеката Пол Рикар во Франција официјално започна Европската TCR Серија.

После долгата зима и подготовките на возачите да ја започнат сезоната во Европската TCR Серија која од еден тркачки викенд минатата година еволуираше во вистински шампионат од седум рунди оваа сезона, прва рунда на која силите ќе ги измерат 25 возачи, официјално започна на патеката Пол Рикар во Франција, со слободните тренинзи во петок.

Првиот тренинг се возеше на сува патека, додека веднаш по завршувањето на истиот, бевме сведоци на опасен дожд кој го зафати регионот. Лошото време резултираше со пореметување на распоредот, па затоа вториот слободен тренинг доцнеше околу половина час.

Македонскиот натпреварувач Виктор Давидовски заедно со неговиот PSS Racing тим имаа доста зафатен ден. Во првиот слободен тренинг Давидовски имаше 17-то време, заостанувајќи 3.291 секунди позади најдоброто време на Микел Аскона во SEAT Leon, додека на вториот тренинг на кој условите на патеката беа многу лоши, тој немаше време за да направи доволно брз круг и да го подобри времето од првиот тренинг.

Давидовски за прв пат се соочува со оваа патека, но и официјално за прв пат се наоѓа на TCR трка.

„Задоволен сум од првиот тренинг. Се увозувам и веќе почнувам да го чувствувам автомобилот, што засега ми е најважно. Имаме инженер и механичар од JAS Motorsport и доста добро комуницираме и се разбираме, при што наоѓаме заеднички решенија за моето увозување и запознавање со автомобилот. За прв пат сум на оваа патека и задоволен сум, да бидам искрен. Сите го знаеме вистинскиот начин за добар резултат, а тоа е возење и правење на голем број тркачки километри, а со тоа и стекнување на огромно искуство.

Додека подготвувавме вистинско подесување на автомобилот, започна многу да врне, а тоа ни ги поремети плановите за втор тренинг на сува подлога. Чекавме до последен момент за да се засуши патеката и да ставиме гуми за суво, но тоа не се случи, па затоа моравме сите возачи да излеземе на дождовни гуми. Сите имаа проблеми влажната патека, а кога веќе започна да се суши, после проблемите со комуникацискиот систем кои ги имавме, влегов во бокс за да променам гуми за суво, но веќе беше доцна за да направам добро време бидејќи имав време само за еден круг.

Се ова е дел од оваа игра. Добро функционираме како тим и се надевам на добри резултати во иднина. Утре следат квалификациите и првата трка, па ќе видиме што ќе се случи.“ – изјави Давидовски.

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *