Караванот на TCR Европа овој викенд се пресели на Австриската патека Ред Бул Ринг
Овој викенд на патеката Ред Бул Ринг во Австрија се одржува четвртата рунда од Европската TCR Серија. На првиот слободен тренинг кој се одржа денес, најбрз на патеката беше Ден Лојд во Honda, кој на две минути пред крајот успеа да извози побрз круг од второ пласираниот Стиан Паулсен во Cupra.
Трето најбрзо време имаше Лука Енгстлер во Hyundai, пред Максим Поти кој пристигна како четврти на крајот од сесијата. Петти беше Џани Морбидели, пред Давит Каџаја, Том Коронел, Нелсон Панчиатичи и Нејтан Бихел, додека топ 10-те ги комплетираше Оли Кангас.
Вистинско изненадување беше 11-тото време на Македонскиот возач Виктор Давидовски кој првиот слободен тренинг го заврши со време од 1:37.822, кое беше по бавно за 1.067 секунди од Лојд. Ова е доста добар старт за тимот на PSS Racing, а очекуваме добро време и во вториот тренинг.
Вториот слободен тренинг е на програмата од 17:35 часот, а до тогаш погледнете ги целосните резултати од 29-те возачи кои ќе настапат овој викенд: