Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / TCR Европа: Лојд со 1-2 за Honda, Давидовски со извонредна 11-та позиција

TCR Европа: Лојд со 1-2 за Honda, Давидовски со извонредна 11-та позиција

Возачот на Brutal Fish Racing Ден Лојд успеа да дојде до најбрзо време во вториот слободен тренинг на патеката Ошерслебен, сесија која беше два пати прекинувана поради незгоди на патеката, додека нашиот Виктор Давидовски успеа до 11-тата позиција

Ден Лојд беше на прагот да го подобри рекордот на патеката од квалификациите на Џани Морбидели, но тоа мора да почека за утрешната квалификациска сесија. Возачите не можеа да направат брзи кругови поради црвеното знаме кое беше подигнато после излетувањето на Тамаш Тенке од Zengo Motorsport. Во тој момент Урутиа имаше најбрзо време на патеката, во неговото Audi RS 3 LMS.

После 20 минути сесијата продолжи со додадено време на 17 минути до крај на вториот тренинг. После следеа доста брзи кругови, а во еден момент и Андреас Бекмен имаше набрзо време.

Но на крајот на прекинатата втора тренинг сесија на некоја минута пред крајот повторно имаше инцидент на патеката, тоа го искористи Ден Лојд да дојде до најбрзо време пред Коронел и Морган на втората и третата позиција. Четврти беше Андреас Бекмен, пред Магнус, Бауман, Фајлс, Хомола, Урутиа и Морбидели кој ги комплетираше топ 10-те.

Виктор Давидовски имаше 11-то време кое важи за најдобар пласман до сега во неговата кариера во ова натпреварување. Следат квалификациите од 09:50 утре изутрина.

Погледнете ги целосните резултати:

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *