Tuesday , June 25 2019
Breaking News
Home / Latest Articles / TCR Европа: Многу казни, многу инциденти, многу тензија – Едноставно, многу автомобили на гридот…

TCR Европа: Многу казни, многу инциденти, многу тензија – Едноставно, многу автомобили на гридот…

Изминатиот викенд на легендарната Ф1 патека Спа Франкошамп се одржа третата рунда од Европската TCR Серија

Во првата трка победата ја однесе Жил Магнус, пред Сантиаго Урутиа и Максим Поти, додека во втората Жулиен Брише беше победник, пред Мато Хомола и Андреас Бекмен.

Трката изобилуваше со инциденти, казни и тензија. Единствената причина за тоа е огромниот грид од 32 автомобили. Не се сложувате? Не морате. Факт е дека тоа е предолг грид кој прави огромни проблеми и на слободните тренинзи, како и на квалификациите, а да не зборуваме за на трките.

Желбата за најдобар пласман секако дека е најголема, но не по секоја цена… потребна е и тркачка етика понекогаш. Да, ова важи за контакт спорт, но овој викенд, ги помина сите граници досега…

Како резултат на тоа видовме три опасни инциденти, во кои два автомобили беа сериозно оштетени до граница на поништување, на Жулиен Брише (Peugeot) и Џош Фајлс (Hyundai), додека третиот автомобил беше целосно уништен, после повеќекратното превртување на Лилу Ваду во нејзиното Peugeot предизвикано од ударот на Абдула Али Ал-Келаифи.

Тимовите на Брише и Фајлс ги оспособија автомобилите, при што Брише дојде до неверојатна победа во втората трка, а пехарот го посвети на својот тим како најзаслужен за победата, додека Ваду беше пренесена во болница поради проверки и мали повреди.

Виктор Давидовски имаше инцидент на квалификациите, поради кој мораше да стартува од претпоследната позиција од гридот во втората трка, поточно од 32-та позиција, за да пристигне на целта како 18-ти, повторно вмешан во инцидент.

Исто така, Српскиот возач Душан Борковиќ кој според правилото на обратен грид стартуваше од првата позиција во втората трка, победата или барем подиумот му избега од раце откако доби силен удар при голема брзина од Џими Кларие, исфрлајќи го надвор од трката. Џими Кларие беше казнет и остана без подиум, но тоа нема да му го врати подиумот на Српскиот возач.

Ниту најискусниот возач во TCR Европа, Том Коронел, кој беше неколку пати удиран, не остана без коментари после овој хаос:

„Ова беше лудачки викенд. Се забавував добро и имав некои добри битки. Џани Морбидели беше доста фрустриран удирајќи ме 4-5 пати, дури и по правците, што не е добро. Потоа Урутиа ме удри од позади доста силно, после што удрив во задниот дел на Стиан Паулсен. Мислам дека сплитерот се закачи за неговиот автомобил, при што не можев да се откачам, а Стиан се изврте и удри во заштитната ограда.

После тоа, продолжив, но температурата на водата почна да се подига. Во истиот момент бев удрен од Лука Филипи во О’ Руж и при 220 км/ч завршив во заштитната ограда, а потоа на патеката налетаа неколку автомобили при огромна брзина кои за среќа ме избегнаа. Немам зборови, пре жестоко се тркаат овде. Ова го нема во WTCR…“ – изјави Коронел.

Во првата трка не завршија пет возачи, во втората шест, додека со казни и оштетувања од удари пристигнаa речиси половина грид. Промотерот на ова натпреварување, време е да превземе нешто…

Check Also

WTCR Нирбургринг: Светол старт за Volkswagen на денешните слободни тренинзи

Стартува најтешкиот предизвик за Светскиот туринг куп После завршетокот на денешните слободни тренинзи на озлогласениот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *